Јаглерод двооксид е гас кој што природно се среќава во атмосферата. Како
што растат, растенијата го апсорбираат, а во комбинација со водата преку
процесот на фотосинтеза создаваат прости шеќери. Овие се претвараат во
посложени состојки, сочинувајќи ја структурата на растението. Енергијата
за процесот на фотосинтеза доаѓа од сонцето.

Кога растението ќе изумре, изгори или ќе го изедат животните, јаглеродниот
двооксид се ослободува назад во атмосферата. Јаглеродниот цилкус придонесува
за создавање стабилна животна средина за сите живи суштества, вклучувајќи
не и нас!
Прашумите апсорбираат милиони тони јаглероден двооксид од атмосферата.
Како што се менувала планетата, шумите биле затрупувани под земја со јаглеродот
содржан во нив.

Низ милионите години, топлината и притисокот ги трансформираа овие дрвја
во нафта, јаглен и земјен гас. Во последните стотина години, ние искористивме
над половина од земјините резерви на фосилни горива за добивање на енергија
и транспорт – брзо испуштајќи милиони тони јаглероден двооксид назад во
атмосферата.

На земјата не постојат доволно растенија да го апсорбираат овој дополнителен
јаглероден двооксид, па тој се таложи во атмосферата. Јаглеродниот двооксид
ги пропушта сончевите зраци, но топлината ја рефлектира назад кон земјата.
Ова предизвикува постепено зголемување на температурата на земјата.
Глобалното затоплување може да предизвика растење на морското ниво, крајбрежни
ерозии и поплави. Може да предизвика и суша која доведува до недостаток
на вода и уништување на посевите. Може да придонесе и за екстремни временски
услови како бури и урагани, кои предизвикуваат значителни штети на објектите,
патиштата и инфраструктурата (комуникации, снабдување со вода и ел. енергија).

За да се успорат климатските промени, сите земји во Европа се сложија
да ја намалат потрошувачката на енергија, со што ќе го намалат нивото на
испуштен јаглероден двооксид во атмосферата. Исто така се договорија да
ја зголемат употребата на обновливите извори на енергија.
За да дознаете повеќе за климатските промени и како можете да ги намалите
емисиите на јаглероден двооксид посетете ги веб страниците, видео
материјалите и фото галеријата.