girl on bike

дома енергетската приказна климатски промени видео материјал веб страници статистика работење со енергија Flash books

Енергија на работа!

Кој од овие ученици ќе помогне за обезбедување на енергетски извори за иднината на планетата?

 

group of teenagers

 

Можеби момчето на лево ќе стане познат инженер и ќе ја измисли најефикасната машина во светот.

 

Можеби девојката во позадина ќе стане пејачка, и ќе сними песна за животната средина која што ќе ги промени срцата и навиките на милиони луѓе.

 

Или можеби девојката во преден план ќе стане моќен политички лидер и ќе се потруди нејзината земја да стане најенергетски ефикасна нација во Европа.

 

Сето ова е можно. Но, вистина е дека никој сам не може да ги реши светските енергетски проблеми.

 

Што и да работите кога ќе го завршите училиштето, вие ќе играте важна улога во заштедата на енергија на оваа планета!

 

Автомобилот кој што можете да го купите, куќата во која што живеете, животниот стил, одлуките кои што ги донесувате, ќе имаат огромна улога во одредување на судбината на оваа планета.

 

Запомнете, ова не е обична лекција...ова е животна лекција! Климата се менува! Но, ние сите имаме моќ да ја спречиме климатската криза да прерасне во катастрофа за Вас и Вашите потомци. Изборот е Ваш. Светот е во Ваши раце!

 

За да дознаете како може да направите вистинска промена за иднината, погледнете ги нашите страни за заштеда на енергија, обновливи извори, транспорт и климатски промени. Потоа споделете ја пораката преку е-картичка!

 

e - картички

Одбери дизајн и испрати на пријател.

Зона на игри

Тестирај ги своите вештини со online игрите ширум земјината топка.

Фотографии

Прегледај ја твојата БЕСПЛАТНА фото галерија на енергетски фотографии.

Ваши страници

Раскажете ги на светот вашите енергетски приказни преку нашиот брз и лесен online формулар.